Инвестиција од 3,5 милиони евра на "Стил кон" во Куманово

Bez autora
Sep 06 2011

Македонската компанија "Стил кон" инвестираше 3,5 милиони во нов погон за преработка на арматурно железо и во доградба и доопремување на постоечкиот погон за челични конструкции во фабриката што се наоѓа во атарот на село Младо Нагоричане - Куманово. Според генералниот менаџер на "Стил кон", Бобан Тодоровски, со оваа инвестиција ќе се отворат околу 100 нови работни места, а Македонија добива единствен погон од ваков тип - најсовремена технологија за преработка на арматурно железо наспроти досегашната пракса - рачна преработка на железото. "Стил кон" е македонско-холандска компанија. Токму за оваа инвестиција добивме грант од 750.000 евра од Кралството Холандија. Тоа е доказ дека одиме во вистинскиот правец. Ние сме компанија единствена по многу нешта во Македонија, сега ќе бидеме единствени по високософистицирана опрема и погон единствен од таков тип.

Инвестиција од 3,5 милиони евра на "Стил кон" во КумановоМакедонската компанија "Стил кон" инвестираше 3,5 милиони во нов погон за преработка на арматурно железо и во доградба и доопремување на постоечкиот погон за челични конструкции во фабриката што се наоѓа во атарот на село Младо Нагоричане - Куманово.

Според генералниот менаџер на "Стил кон", Бобан Тодоровски, со оваа инвестиција ќе се отворат околу 100 нови работни места, а Македонија добива единствен погон од ваков тип - најсовремена технологија за преработка на арматурно железо наспроти досегашната пракса - рачна преработка на железото.

- "Стил кон" е македонско-холандска компанија. Токму за оваа инвестиција добивме грант од 750.000 евра од Кралството Холандија. Тоа е доказ дека одиме во вистинскиот правец. Ние сме компанија единствена по многу нешта во Македонија, сега ќе бидеме единствени по високософистицирана опрема и погон единствен од таков тип - изјави Тодоровски.

Во досегашното портфолио на компанијата се наоѓаат големи проекти во Србија, Словенија, Грција, Албанија, Косово, Германија, Африка. Компанијата постои на македонскиот пазар од 2005 година и успева за помалку од шест години да стане партнер на многу европски компании во изведувањето на прокети. Со новата инвестицијата капацитетот на компанијата посебно во сегментот на арматурно железо ќе ја достигне бројката 15.000 тони на годишно ниво.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik